Monday, June 8, 2015

Колку заработив јас во првиот месец на Upwork и како започнав да работам

Здраво,

Во разговори со рандом луѓе ме прашуваат колку може да се заработи на Upwork, сега ќе ви одговорам на вашето прашање најдобро што можам.

Јас започнав да работам на Upwork крајот на месец април. Поточно 29 април, почнав да се пријавувам на разни понуди за работа, и веќе следниот ден се вработив. Првиот проект којшто го направив на Upwork беше мал проект, односно транскрибирање на видео презентација од 30 минути. Ова е работа за коишто се потребни 1.5-2 часа работа за да се заврши и клиентот ми исплати 10 долари за завршената работа, но интересно е тоа што бидејќи го завшрив овој проект одлично клиентот ме оцени со 5 ѕвездички од 5 можни и на секоја следна работа кога се пријавував многу полесно ја добивав работата. Секако, се пријавував за работа која што знам одлично професионално да ја работам и секогаш посветувам многу внимание на cover letter.

До крајот на месец мај завршив околу 10 проекти за различни клиенти за различна работа, некои беа промоција на социјални медиуми, некои работи беа дизајнирање на лого, други беа внесување на податоци и транскрибирање на предавања од Udemy.com онлајн академијата.

Колку работев дневно?

Дефинитивно не работец полно работно време, но доста се потрудив за секој проект да го завршам перфектно. Во просек работев околу 4 часа дневно.

Колку заработив во месец мај?

Во месец мај заработив точно 401 долар за сите проекти коишто ги завршив. Ова не е многу голема сума, но е одлична бидејќи сум почетник на вебсајтот и ми е прв месет работа.

Сајтот работи на принцип на оценување, слично на амазон каде што ги оценуваат продуктите, на Upwork се оценува секој фриленсер и секој клиент меѓусебно по завршувањето на работата. Јас во мојот прв месец на Upwork сите клиенти беа презадоволни со мене и ме оцениа со 5 ѕвездички што ми дава многу повеќе можности и клиентите имаат многу поголема веројатноста да ме вработат и да ми плаќаат многу подобри суми на пари.

Не чекајте повеќе доколку барате работа и пријавете се на Upwork.

Инаку како ви ги исплаќаат парите?

За ова ви е потребно да си направите профил на Payoneer и бидејќи го отворате линкот преку овој блог добивате 25 долари бонус кога ќе ги заработите првите 25 долари.

Со среќа и ви посакувам најмногу успех.

No comments:

Post a Comment