Upwork е вебсајт, каде што работодавачи ставаат огласи за работа и луѓе кои бараат работа се пријавуваат.
Многу е едноставно за да започнете со работа на Апворк и квалутетно да заработувате доста високи суми на пари.
Секоја работа што може да се сработи преку компјутер е достапна на Апворк, програмери, дизајнери, лични асистенти, фотографи, презентери, маркетинг експерти, правници, економисти, сметоводители, научници, инжињери, новинари, блогери и уште еден куп други професии секојдневно се барани за работи на Апворк.
Како да започнете?
1. Се што ви треба за да започнете со работа е компјутер, интернет конекција и одлични вештини во одредена област/одредени области.
2. Доколкку ги исполнувате условите од точка 1. следниот чекор е да направите одличен профил како Фриленсер, вовед, резиме, ЦВ каде што ќе ги опишете вашите вештини, искуство портфолио, едукација и успеси. Најдобрите и најплатените работници на Апворк се со високо квалитетни профили, затоа не пропуштајте ниеден дел додека го создавате вашиот профил, бидејќи тоа е многу важен дел за да се вработите.
Како да се вработите?
Едноставно е да се вработите на Апворк, се вработувате исто како што би се вработиле на кое било работно место.
Значи, се пријавувате за работа со апликација на разни проекти и работодавачите ве вработуваат.
Многу е важно апликацијата за работа да биде напишана квалитетно и навистина да сте заинтересирани за работното место, доколку го направите тоа веднаш ќе бидете вработени.
Важно е апликацијата да е напишано убаво, професионално и без граматички грешки. Апликацијата треба да е специјално направена за местото каде што се пријавувате за работа. Претставете ги вашите вештини во најдобро светло.
Како ќе ви ги исплатат парите?
Постојат повеќе опции за исплата на Upwork, но најдобар начин со најефтини тарифи за исплата е Payoneer,
Интересно за Payoneer е тоа што префрлањето на парите од Апворк на Пејонир трае само 2 дена, а доколку сакате можете и веднаш да ги префрлите.
Пајонир и Апворк директно од Њујорк бесплатно ви праќаат мастер кард картичка која што ќе ја користите за да вадите пари од Апворк. Картичката стигнува на вашата адреса за помалку од еден месец и веднаш ги вадите парите што ги имате заработено на Апворк.
Не чекајте, пријавете се веднаш и започнете со работа.
Со Среќа.
No comments:
Post a Comment