Tuesday, June 9, 2015

Како да се вработите на Upwork совет 1

Здраво,

Сакате да се вработите на Upwork но не знаете од каде да започнете и како да започнете?

Во оваа серија на постови со совети ќе разјасниме многу работи.

Совет број 1

Целосно естетички средете го вашиот профил.

Значи најпрво и најважно е да се регистрирате, доколку сеуште се немате регистрирано на Апворк.

Креирањето и целосното комплетирање на профилот на Апворк е најважното нешто, бидејќи кога се регистрирате и естетски убаво го средите вашиот профил, работодавачите кога ќе го посетат вашиот профил ќе научат се што треба за вас и ќе добијат многу позитивен впечаток и ќе ве вработат.

Напишете кои се вашите вештини, искуство, какво образование и квалификации имате.

Потребно е да напишете детален опис на вашите цели и работното искуство, потребно е да прикачите документи и портфолио кое ќе ги покаже вашите способности.

Секогаш внесувајте точни информации не преувеличувајте и средете го профилот да изгледа естетски убаво и да нема граматички грешки

П.С. За да ви ги исплатат парите што ќе ги заработите треба да направите профил на Пајонир и доколку се регистрирате преку овој линк ќе добиете бонус 25 долари кога ќе ги заработите првите 100 долари.

No comments:

Post a Comment