Многу сакам да ставам слики на блогот, но немам време, или пак ме мрзи, но замислете си како да има некои слики од лево или десно или пак на цел екран и уживајте во нив, бидејќи се дизајнирани точно од вас.
Туку разговарав за старото и древно време.
Во едно старо, дамнешно време, одамна непознато, каде што Македонија беше како што е и сега моментално земја од третиот свет, со многу слаб економски раст, со многу низок стандарт, со многу лоша економија, туку зборував за старото време, да, епа вака, во ова старо време, пред 5-10-15-20 години постоеше интернетот.
Мислам дека за прв пат во Македонија се појави интернетот во 1996 година во некој студентски или истражувачки центар, но тоа не е важно, тоа што е важно е дека тогаш се појави за прв пат мало зракче од „Чудото“ наречено интернет коешто многу брзо го промени, преобрна, силува, го направи, памете, глуп, ретардиран, интересен, едуциран, модерен, социјален, анти социјален светот.
1999/2000 година го зедов првиот компјутер и за прв пат се поврзав со интернет преку дајл ап конекција со брзина од 56 килобајти во секунда... или нешто слично на тоа. Во овој период само околу 1-2 проценти од популацијата на Македонија имаат интернет, јас како што одсекогаш си бев побеснеат за технологијата бев пресреќен кога прв пат се поврзав со интернетот. Тоа беше толку специјален момен, уште од тогаш знаев дека ова ќе го промени светот засекогаш иако тогаш бев само 7-8 години.
Што научив преку интернетот од мали нозе?
Иако во тоа старо, дамнешно време, итернетот беше многу бавен и информациите донекаде ограничени за разлика од сега, од интернетот добив многу инспирација и научив многу. Во училиште, школо, секогаш ми беше досадно и имав кецови, не затоа што сум глуп, туку затоа што наставниците, професорите одсекогаш ми беа досадни, застарени, неинтересни, формални, рутински..... и уште многу други досадни работи. Наставниците и професорите беа се освен интересни.
Но од другата страна на светот се појави интернетот. Тоа веќе беше интересно, беше ново, со најновите информации, текстовите беа интересни за читање, и ги немаше досадните профресори и наставнци кои ставаа кецови, а всушност тие беа тие кои се назадни и неможеа да ги сватат новите генерации, потребите на новите генерации и како да ги мотивираат и инспирираат. Професорите не го знаеа ова, но интернетот го знаеше.
Интернетот знаеше да инспирира, предава, учи. Од интернетот научив да зборувам и пишувам на повеќе разни јазици, научив да фотографирам, научив да истражувам, научив да ценам, научив да бидам претпазлив, научив сам да си го форматирам и поправам компјутерот, научив да снимам, научив да презентирам, научив дека мачките владеат со светот, научив еден куп разни вештини коишто ќе ми се всушност потребни во животот.
Јас доаѓам од интернетот!!
Покрај сите добри и убави работи што ги нуди интернетот, постоеа и многу лоши и непотребни работи.
Кои беа тие?
Епа вака, во еден период интернетот се преполни со превари, неточни информации, лаги, манипулации и што уште не, но лесно се одбегнуваа доколку можеш да го разбереш интернетот како функционира.
Поради тоа што се случуваа овие работи, се случи еден феномен. Луѓето изгубија доверба во интернетот, почнаа да веруваат дека на интернетот ништо не е точно и дека на интернетот има само лаги и манипулации, но тоа не беше воопшто точно, иако е точно дека на интернетот има многу превари, многу лаги и слично доколку знаете како да го користите интернетот ќе ги избегнувате овие страници со мамки, лаги и слично.
Другата многу лоша работа што се случуваше за Македонија и интернетот, е што во Македонија човек не можеше да работи на интернет бидејќи сите начини на електронско интернационално плаќање беа забранети, како на пример Пејпал којшто е сеуште забранет во Македонија, всушност сеуште неможат да ти исплаќаат пари преку Пејпал.
Враќањето на довербата во интернетот и глобалните можности
Но, Интернет светот, како што секогаш си беше напреден, конечно направи можности за целиот свет, еднаквост за целиот свет вклучувајки ја и Македонија. Да, и ние, колку и да сме чудна држава сме дел од светот .
Ова се случи некаде околу 2012-2013 година, незнам точно, тој период немав често интернет бидејќи студирав, но важно е што интернетот стана многу поглобален, со многу повеќе опции за целиот свет, не само за државите од првиот свет.
Ова е одлично, но интересно е што интернетот брзо се менува, но луѓето не, луѓето остануваат скептични, и кога изгубат доверба во нешто тоа останува долго време, дури и доколку се смени тоа. Ова е случајот со интернетот.
Јас би продолжил да бидам скептичен за Македонија и инвестициите што ги донасаат и платите од 9000 денари, а во интернетот веќе не.
Тоа е поентата што сакав да ја потенцирам за интернетот. Интернетот нуди многу повеќе опции, многу повеќе можности.
Придружете се на Upwork и Payoneer тимот и вратете ја довербата во интернетот, бидејќи вреди.
П.С. Моментално на интернет можете да започнете да работите и уште во првиот месец да заработите над 300, над 500, па дури и над 1000, 1500 долари. Како и да е, ако се зафатите за работа на интернетот, ќе добиете повисока плата, и ќе имате подобар стандард.
П.П.С. Еве го сајтот.
П.П.П.С. Кога ќе започенете да заработувате, за да ви исплатат пари треба да си направите мастер кард картичка преку овој вебсајт и бидејќи го отворате сајтот преку овој блог ќе добите 25 долари БОНУС моментот кога ќе заработите 100 долари.
No comments:
Post a Comment